Directions
Десерт без шеќер, идеален за сите кои внимавате на калории или сакате здрави десерти после тренинг. Овој домашен пудинг е кремаст, вкусен и многу поздрав од купечките верзии.
Може да користите млеко и протеин по избор и да подготвите здрав пудинг по ваш вкус за промена.
Состојки:
- 30–40 грама Iso Sensation Protein (cookies ‘n’ cream или вашиот омилен вкус)
- 200 мл млеко (бадемово, овесно, кокосово или обично)
- 1 лажичка желатин во зрно (или агар-агар за веган верзија)
- 1 лажичка какао во прав (по желба, за чоколаден вкус)
- Преливи и додатоци по желба: темна чоколада, свежо овошје, боровинки, бадемови ливчиња, експандиран ориз

Подготовка
- Подгответе желатинот: Растворете го желатинот во 2–3 лажици ладно млеко и оставете да набабри околу 5 минути.
- Загрејте го млекото: Во мало тенџере загрејте го преостанатото млеко, но не го доведувајте до вриење.
- Додајте протеин: Измешајте го протеинот и желатинот со топлото млеко. Додајте какао доколку сакате чоколаден вкус. Мешајте додека смесата не стане мазна и хомогена.
- Сервирајте: Истурете во мали чаши или садови и оставете да се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер минимум 1 час да стегне.
- Декорација: Пред послужување, додадете преливи и додатоци по желба.
Совет: Може да подготвите двојна доза и да чувате во фрижидер до 2–3 дена покриено.








