Directions

Изработката на домашен сапун може да изгледа сложено ако го правите за прв пат, но штом еднаш го направите и пробате, нема да сакате да купувате готови сапуни од продавница.
Можете да користите различни растителни масла и путери според вашите потреби и желби. На пример: маслиново масло, кокосово масло, шеа путер, какао путер, масло од невен, лаванда, камилица или било кое друго масло што ви се допаѓа.
Состојки (за околу 400 г основа)
- 400 г растителни масла и путери по избор
- 50 г натриум хидроксид (сода каустик)
- 150 г вода
- Есенцијални масла по желба (лаванда, невен, камилица…)
Опрема
- Метален сад (само за сапун)
- Метална лажица (не за јадење)
- Рачен блендер
- Ракавици и маска за лице
- Калапи за сапун или силиконски калапи за торти
Постапка
- Подготовка на маслата и путерите
- Ставете ги сите масла и путери во метален сад.
- Топете ги над парна бања додека целосно не се стопат.
- Подготовка на сапунската база
- Во друг метален сад ставете ја водата.
- Полека додавајте го натриум хидроксидот во водата, по мало парче, мешајќи постојано.
- Бидете внимателни, бидејќи смесата се загрева и испарува.
- Мешајте додека течноста не стане прозирна и избистрена.
- Комбинирање на маслата со сапунската база
- Полека додајте ја базата во стопените масла и путери.
- Мешајте со рачен блендер околу 10 минути, додека смесата не добие густина на пудинг.
- Совет: користете кратки пулсови со рачниот блендер за да не прска и да биде безбедно.

- Додавање есенцијални масла
- Додајте есенцијално масло по желба (лаванда, камилица, невен…).
- Измешајте внимателно со лажица.
- Ставање во калапи
- Истурете ја смесата во калапи.
- Оставете на собна температура неколку дена, без да допирате со голи раце.
- Сечење и сушење
- По 4 дена, извадете и исечете го сапунот на парчиња.
- Оставете го да се суши 4–6 недели, превртувајќи секоја недела за рамномерно сушење.
Совети
- Можете да користите силиконски калапи за различни форми.
- Домашните сапуни хидрираат кожа и се погодни за лице, тело и коса.
- Маслиновото масло е богато со витамин Е, а останатите масла само ја збогатуваат кожата.








