Directions

✨ Утрешниот ден започнете го нежно, вкусно и без трошка грижа на совеста.
Нема поубаво чувство кога во фрижидер ве чека појадок подготвен со љубов – како кремаст, кадифен чиа пудинг подготвен од вашиот омилен вид млеко, замрзнати капини или овошје по избор и засладувач по ваш избор: протеин, мед, јаворов сируп или што и да ви е омилено.
Ако барате лесен, здрав, заситувачки оброк подготвен уште пред да го отворите утринското око, тогаш следете го рецептот и да го започнеме денот добро, со енергија, инспирација и малку љубичаста магија. 💜🥄✨
Состојки
За чиа пудингот
- 4 лажици чиа семе
- 250 мл млеко по избор (бадемово, кокосово, овесно или полномасно кравјо)
- 1 лажичка ванила екстракт (опционално)
За протеинскиот овошен слој
- 1 шолја замрзнато овошје (капини, малини, јагоди или мешано)
- 1 дозерка протеин по избор
- 1 лажичка скроб (густин)
- 3–4 лажици вода

Начин на подготовка
1. Подгответе го чиа пудингот (идеално вечерта претходно)
- Во сад или тегла измешајте ги чиа семето со млекото
- Додадете ванила ако сакате поинтензивен мирис
- Промешајте добро и оставете 5 минути, потоа повторно промешајте за да нема грутки.
- Покријте и оставете во фрижидер најмалку 2 часа, или преку ноќ, додека не згусне.
2. Направете го протеинскиот овошен слој
- Во мал сад на оган ставете го замрзнатото овошје, протеинот и густинот
- Додадете 3–4 лажици вода
- Гответе на ниска температура околу 2 минути, мешајќи додека не згусне и не стане сјајно
- Тргнете го од оган и оставете малку да се олади

3. Сервирање
- Поделете го чиа пудингот во две чаши за сервирање
- Додајте го овошниот протеински слој помеѓу слоевите или одозгора
- Послужете веднаш или изладете до сервирање
Уживајте во овој здрав, безшеќерен десерт – полн со боја, протеини и добра енергија 💜







