Directions
Оваа лесна и воздушеста торта се подготвува за само неколку минути со рачен миксер.
Филот е здрава и освежителна варијанта со малку шеќери и нежен вкус, направен од само две состојки – свежо блендирани јапонски јаболка и мед.
Филот со кратко ладење во фрижидер се згуснува и добива текстура слична на пудинг, што ја прави тортата уште повкусна и полесна.
Состојки
За тортата:
- 3 јајца
- 200 г брашно
- 50 г нишесте
- 150 г шеќер (кафеав или по избор)
- 120 мл свежо цеден сок од лимон
- 90 мл растително масло (сончогледово)
- 10 г ванилин шеќер (1 пакетче)
- 10 г пециво (1 пакетче)
За филот:
- 3 зрели јапонски јаболка
- 2 лажици мед

Подготовка
Подготовка на филот:
- Користете зрели и омекнати јапонски јаболка.
- Со лажица извадете ја внатрешноста од лушпата и отстранете ги семките доколку ги има.
- Додадете го медот и изблендирајте со рачен блендер:
- целосно, за мазна кремаста текстура
- или кратко, ако сакате да се чувствуваат мали парчиња
- Оставете го филот во фрижидер 10–15 минути да се згусне.
Подготовка на тортата:
- Во длабок сад изматете ги јајцата додека да се соединат жолчките и белките.
- Додадете го шеќерот и ванилин шеќерот и матете со рачен миксер неколку минути, додека шеќерот целосно се растопи и смесата стане светла и воздушеста.
- Додадете ги сокот од лимон и маслото, па кратко изматете.
- На крај додадете ги брашното, нишестето и пецивото и матете додека добиете мазна, хомогена смеса.
Печење
- Тава со дијаметар 26 см лесно намачкајте ја со масло.
- Истурете ја смесата и печете на 180°C, 30–35 минути.
- По 30 минути проверете со чепкалка – ако излезе чиста, тортата е печена.
Финализирање
- Оставете ја тортата да се олади околу 10 минути, па извадете ја од тавата.
- Пресечете ја хоризонтално на половина.
- Долниот слој премачкајте го со филот од јапонски јаболка.
- Поклопете со горниот слој:
- за поелегантен изглед – отстранете ја горната кора
- за рустикален стил – оставете ја кората и поросете со прав шеќер
На здравје и уживајте во овој лесен и нежен десерт!








