Directions

Инспирирана од чоколадни бомбони кои ги добив на подарок од Украина , со задоволство решив да одвојам една страница од оваа книга и да ги споделам со вас.
Овој рецепт ги комбинира здравствените придобивки од сувите сливи и оревите со богатиот вкус на темно чоколадо, што ги прави хранлива опција за ужина.
Дали знаевте дека сувите сливи имаат силна антиоксидантна моќ и се многу подобри од смоквите, урмите, грозјето и кајсиите? Консумирањето на овие вкусни плодови наутро може дс ви помогне да имате попродуктивно и поенергично утро!
Состојки
15 суви модри сливи (едно пакување)
15 ореви (половинки)
100 грама црна чоколада
Подготовка на модри сливи
Засечете ги модрите сливи од едната страна и внимателно отворете ги.
Во секоја модра слива ставете половинка орев. Потоа затворете ја сливата.
Потопување во чоколадо
На парна бања растопете ја чоколадата. Внимателно потопете ја затворената слива во растопената чокоада. За полесно да го отстраните вишокот чоколадо, можете да користите две мали лажици.
Ладење
Наредете ги чоко боммбоните на хартија за печење и оставете ги во фрижидер на 10 минути за да се стегнат.
Сервирање
Секоја закуска може да ја сервирате во мали хартиени корпи.
Уживајте во вашите вкусни чоколадни бомбони со сливи во секое време од денот.








