0 0
ДУБАИ ЧОКОЛАДА🍫

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

ДУБАИ ЧОКОЛАДА🍫

  • Medium

Directions

Share

Дубаи чоколада со фил од кадаиф и крем од ф’стак е луксузен десерт што ги спојува ориенталните вкусови со модерната елеганција. Комбинацијата од крцкав печен кадаиф, нежен ф’стак крем и богата темна чоколада создава неодолив и вкусен спој. Вдaхновен од арапската слаткарска традиција, овој десерт нуди вистинско гастрономско доживување. Совршен е за свечени пригоди или кога сакате да се почестите со нешто посебно.


🥄 Состојки

  • 60 грама путер
  • 250 грама суров кадаиф (непечен)
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 300 грама крем од ф’стак (по можност со висока содржина на ф’стак)
  • 200 грама темна чоколада (70% какао или по избор)
  • 50 грама бела чоколада (за декорација-опционално)
  • златен прав за десерти (за декорација – опционално)

🔪 Подготовка на кадаиф базата

  1. Расплеткајте го кадаифот со раце за да се раздвојат влакната.
  2. Во тава на тивок оган растопете го путерот, па додадете го кадаифот. Пржете го околу 10–15 минути, со постојано мешање, додека не добие златно-кафеава боја и крцкава текстура.
  3. Кон крајот додадете 1 лажица шеќер во прав и измешајте за благо карамелизирање.

Подготовка на фил

  1. Во тавата со подготвениот кадаиф додадете го кремот од ф’стак. Измешајте да се соединат добро двете смеси. Доколку филот е густ, може да го омекнете со 1-2 лажички млако млеко. Пред подготовка на чоколадата оладете го филот.

🍫 Темпирање темна чоколада (метод со сецкано чоколадо)

Потребно – 200 грама темна чоколада (70% какао), сад отпорен на топлина со двојно дно, или тенџере со зовриена вода и сад врз него (напомена – дното на садот да не допира во водата), силиконска или метална шпатула, термометар за чоколада или кујнски термометар.


🔥 Чекор-по-чекор

1. Ситно исецкајте  ⅓ или 60–70 грама од чоколадата – ова ќе биде „семе“ за темпирање. Останатите ⅔ од чоколадата или околу 130–140 грама загрејте ги во сад над пареа. Мешајте постојано и мерете ја температурата. Треба да достигне 45–50°C, но не повеќе (за темна чоколада со 70% какао).

2. Ладење (до 31–32°C)

Тргнете го садот од топлина и додадете ја останатата ⅓ сецкана чоколада. Мешајте постојано додека не се стопи. Оваа постапка ќе ја намали температурата до точка на темпирање, односно 31–32°C. Ако се топи пребавно, вратете кратко над пареа, но внимавајте да не надмине 32°C.

3. Проверка

За да проверите дали чоколадото е темпирано, ставете малку на хартија за печење. Ако се стврдне за 3–5 минути со сјајна површина и крцкав звук при кршење – значи сте успеале!


✅ Подготовка на чоколада

Во силиконски калап или поликарбонатни модли за чоколади, веднаш прелијте од темпираната чоколада. Нанесете тенок слој и оставете го калапот неколку минути на собна температура, па потоа ставете го во фрижидер. Откако ќе олади слојот од чоколада, нанесете тенок слој од изладенот фил со кадаиф и крем од ф’стак. Врз него нанесете уште еден слој од темпирана чоколада, измазнете ја површината и оставете на собна температура неколку минути.

Ладење и Сервирање

Ставете го десертот во фрижидер најмалку 2 часа или додека целосно не се стегне. Исечете на коцки или правоаголници и сервирајте ладно.


✅ Совети:

  • Ако сакате послатка варијанта, додадете 1-2 лажици мед во кремот од ф’стак.
  • Може да користите и бело чоколадо како замена за темно – за помек вкус и поконтрастна боја.
  • За вистински “Дубаи” допир – поросете златен прав (опционално, но впечатливо).
  • За мермерни шари на површината користете бела чоколада со малку боја за колачи по избор (зелена, жолта), или додадете куркума во прав (за жолта боја) или спирулина (за зелена боја).

Одберете калапи по желба и уживајте додека создавате уникатни чоколадни задоволства!

Olgica

previous
 Crispy Tortilla Chips!
next
DUBAI CHOCOLATE 🍫
previous
 Crispy Tortilla Chips!
next
DUBAI CHOCOLATE 🍫

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here