Directions
Модрата слива е супер овошка за здравје и енергија, природен лек, и висококвалитетна храна која изобилува со минерали и витамини, но дали знаевте дека сувата слива е далеку пред сувите смокви, урми, грозје и кајсии, заради силната антиоксидатна моќ, па ако ги консумирате наутро може да имате попродуктивно и поенергично утро.
Инспирирана од чоколадни бомбони кои ги добив на подарок од Украина решив да споделам една здрава закуска од оваа овошка со крцкава внатрешност, прелиена со црна чоколада.
Состојки
15 суви модри сливи (едно пакување)
15 ореви (половинки)
100 грама црна чоколада
Подготовка
Засечете ги модрите сливи од едната страна и отворете ги. Во секоја модра слива ставете половинка орев, затворете и потопете ја во растопената црна чоколада.
Може да користите две мали лажици за полесно да го отсраните вишокот чоколадо.
Наредете ги чоко бомбоните на хартија за печење и после 10 минути во фрижидер се спремни за дегустација.
Секоја закуска може да ја сервирате во мали хартиени корпи. Уживајте!