Directions

Овој старински природен лек е заборавен, но многу моќен. Тој е одличен чистач на црниот дроб и делува брзо во случај на салмонела и дијареа. Го прочистува целото тело од токсини и помага за губење на вишокот килограми.
Следен пат кога ќе купите калинки, добро измијте ја кората со сода бикарбона, исечете ја тенко и исушете ја на сонце.
Овој чај има силен горчлив вкус, затоа е најдобро да се направи како вкусен сок кој ќе сакате да го пиете почесто, а со тоа ќе им помогнете и на вашите деца во случај на тегоби и болки во дигестивниот систем.
Во продолжение ќе најдете детално упатство како да го подготвите овој лек-пијалок и како да го користите.
Состојки
- 1 лажица сува кора од калинка
- Сок од 1 свежа калинка
- 1 лажичка мед
- 200 мл вода
- Свежо нане за декорација
- парчиња свеж лимон
- 4 коцки мраз
Подготовка
- Зоријте 200 мл вода и додадете ја кората од калинка. Оставете да отстои 10 минути покриено.
- Процедете ја кората и истурете половина од течноста во чаша.
- Додадете го исцедениот сок од една калинка, мед и коцки мраз. Дополнете со вода до врвот.
- Декорирајте со лисови свежо нане и парче свеж лимон.
Совет: Ако пиете чај од калинка како лек, само самиот чај, пиејте на секои два дена бидејќи е многу концентриран. Овој сок од калинка со кора можете да го пиете краток период, максимум една недела. Сите лекови се во природата и се достапни, само понекогаш се заборавени.









