Directions
Основа за повеќе јадења
Домашниот доматен сос се подготвува од 100% домати, без додавање вода и без конзерванси. Брз е за подготовка и идеален како основа за болоњезе, салца, тестенини и други домашни сосови. Со правилна пастеризација може да се чува и користи во текот на целата година.
Состојки
- 3 кг рома домати (индустриски / „цуцла“)
- 1 рамна лажичка сол (6–7 г, или по вкус)
- ½ лажичка шеќер (за балансирање на киселината)
- Свеж босилек – по 1 мало гранче на дното од секоја тегла
Количина и тегли
Од 3 кг домати се добиваат приближно 1,8 – 2 литри доматен сос.
- 4 тегли од 500 мл
или - 6–7 тегли од 300 мл
Подготовка
- Измијте ги доматите и исечкајте ги на покрупни парчиња.
- Ставете ги во длабоко тенџере и варете ги 20–25 минути, додека целосно не омекнат и не пуштат сок.
- Процедете ја смесата низ цедалка или газа за да ги отстраните лушпите и семките, по желба.
- Чистиот доматен сок вратете го на оган.
- Додадете сол и шеќер и варете го сосот 30–40 минути на тивок оган, повремено мешајќи, додека не ја добие посакуваната густина.
- Во секоја топла и стерилна тегла, на дното ставете свежо гранче босилек.
- Исипете го жешкиот сос, веднаш затворете и пастеризирајте или оставете ги теглите свртени наопаку да се изладат.
Совет
Колку подолго се вари по процедувањето, толку сосот ќе биде погуст и поинтензивен по вкус. За салца, може да го варите уште 10 минути повеќе.








