Directions
Овие распукани колачиња кои беа хит на мојата страна во 2022-ра вреди да ги оживееме уште еднаш, бидејќи се лесни и брзи за подготовка.
Не бараат миксер, имаат освежителен вкус на лимон и се печат само 10–15 минути.
Совршени се кога ви се јаде нешто слатко набрзина
Време на подготовка
- Подготовка: 10 минути
- Печење: 10–15 минути
Состојки
- 2 јајца
- 125 мл сончогледово масло
- 125 мл јогурт
- 125 г шеќер
- 450 г пченкарно брашно
- 10 г пециво
- 1 лажица џем по избор (за вкус)
- Кора од 1 лимон
- Прстофат сол
- Прав шеќер (за валкање)

Подготовка
- Во длабок сад додадете ги јајцата и шеќерот. Измешајте со жица маталка додека шеќерот да се растопи.
- Додадете го јогуртот, маслото, џемот и кората од лимон. Измешајте додека смесата се соедини.
Џемот е по избор – доволна е една лажица за суптилен вкус.
- Во смесата додадете ги сувите состојки: пченкарното брашно, пецивото и солта. Мешајте со шпатула или со рака додека да добиете тесто.
- Тестото ќе биде меко и малку песокливо поради пченкарното брашно – тоа е нормално.
- Покријте го тестото со фолија и оставете го да одмори 5 минути.
- Земете по една полна мала лажица од тестото и формирајте мали топчиња.
- Секое топче извалкајте го во прав шеќер и лесно притиснете го во средина.
- Редете ги во тава обложена со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 200°C, 10–15 минути.
Совет
- Внимавајте при крајот на печењето – колачињата брзо потемнуваат. Целта е убава жолтеникава боја.
- За поголем контраст и поизразени „распукани“ делови, извалкајте ги колачињата двапати во прав шеќерпред печење.
На здравје 









