Directions
Бомбици инспирирани од вкусот на емиратите кои се подготвуваат само од две состојки.
Два вкуса кои одлично се вклопуваат а за само неколку минути ќе подготвите вкусни бомбици кои може да бидат посна закуска во секое време.
Се што ви е потребно се урми и алва. Се блендираат во блендер додека се добие убава компактна смеса.
Потребни состојки
- 150 грама алва
- 100 грама урми
Подготовка
- Исчистете ги урмите од коски
- Додадете ги во блендер заедно со алвата и блендирајте ги додека се изедначат.
- Смесата кратко оставете ја во фрижидер, или околу десет минути да стегне целата смеса.
- Обликувајте ги во бомбици.
Совет
За дополнителен вкус и крцкавост може да ги извалкате во сусам.
Чувајте ги во фрижидер.
Имајте добар апетит!








