Directions

Свежиот зеленчук кој се конзервира на есен е најчесто за да го пополни недостигот од витамини во текот на зимските месеци!
Разновидноста и количината на зеленчуци зависи од вкусот и желбите на секое семејство. Важно е зеленчукот да биде здрав, убаво да се исчисти и измие, притоа да се нареди збиено за да не лета кога ќе се прелие со течност (пресол).
Зелени домати, зелени динчиња, карфиол, морков, пиперчиња, краставици се најчестите кои јас ги користам, но секако може да се користи зеленчук по желба и да комбинирате со овошје. Рецепт од мајка ми стар неколку децении!

Состојки
4 килограми зеленчук по избор
1 литар бел оцет 9%
4 литри вода
100 грама шеќер
200 грама готварска сол
2 пакетчиња бибер во зрно
10-15 листови сув ловоров лист
1 лажичка винобран
Доколку не сакате да користите винобран следете ги рецептите подолу како да пастеризирате и зачувате зимница без конзерванси.
Подготовка на Зеленчук!
Убаво исчистете го зеленчукот и измијте го да нема нечистотии.
Направете засеци или издупчете го зеленчукот на неколку места за да може од течноста со која ќе се прелијат да примаат побрзо и за пократко време да бидат вкусни и спремни за јадење. Збиено наредете ги во тегла или поголем сад, за да не летаат кога ке ги прелиете.
Подготовка на Пресол!
Во сад додадете 4 литри вода и во неа додадете, 1 литар оцет, 100 гр шеќер, 200 грама сол и винобранот. Доколку сакате може да користите и една лажичка конзерванс. Убаво измешајте ги сите состојки додека се растопи шеќерот и солта. Наредете го зеленчукот збиено, додадете црн бибер и сув ловоров лист во секоја тегла, прелијте со течност и затворете ги теглите. Доволни се десет дена пред консумација! Зеленчукот останува свеж во текот на целата зима.
Чувајте ја туршијата на ладно место и да не е изложена директно на сонце! Имајте добар апетит! За повеќе рецепти за зимница следете ги рецептите во продолжение!








