Directions
Торта со нерамен површински слој која наликува на калдрма, со вкус на старински колач, дополнета со топка ванила сладолед – навистина вкусен топло-ладен десерт.
За подготовка ви се потребни неколку едноставни состојки и свежи сезонски диви капини.
За мерка можете да користите 250 мл шоља.
Состојки
- 1 шоља сенаменско брашно
- 1/4 шоља кафеав шеќер
- 1/4 шоќер во зрно
- 1 лажичка сол
- 2 лажички пециво
- 1 јајце
- 1/2 шоља млеко
- 1 лажичка ванила екстракт
- 120 г растопено масло
- свежи диви капини по вкус
Подготовка:
- Измешајте ги сувите состојки со маталка да се изедначат.
- Додадете го јајцето, млекото и ванила екстрактот. Тестото треба да биде малку погусто од тесто за палачинки.
- Во тава за печење ставете 120 г растопено масло. Прелијте го со подготвеното тесто. Со шпатула измешајте ги двете смеси во шара како мермер.
- Распоредете ги свежите капини по површината.
- Печете на 200°C 40 минути.
- После 30 минути, поросете ја тортата со малку кафеав и бел шеќер и вратете ја во рерна уште 10 минути.
- Проверете ја средината на тортата пред да ја извадите од рерна.
Сервирање
Сервирајте топло парче торта со топка ванила сладолед и свежи ливчиња нане.
Имајте добар апетит! 








