Directions
Инспириран од ориенталната традиција, арапските десерти и културата на уживање, овој рецепт е создаден за моменти кога сакате нешто повеќе од „само благо“. Овој десерт не е обична кунафа – туку искуство со елегантен дизајн и луксузни детали се со цел да доживеете незаборавно искуство на арапска ноќ во вашиот дом.
Секој слој е внимателно создаден за да се издвојува, а секој залак носи баланс на кремастост, благо сладок сируп и суптилна арома на ванила и ф’стаци.
Се подготвува кога сакате да забавите. Се јаде кога сакате да уживате. Се дели кога сакате да создадете момент.
Ова не е десерт за секој ден. Ова е десерт за вечери со мир, викенди без брзање, свечени моменти и посебни прилики.
Комбинацијата од крцкаво кадаиф тесто, свилен ванила крем, топена моцарела и ориентален сируп создава десерт со контраст, длабочина и карактер.
Овој десерт – потпис на Арапска ноќ е поразличен од класичните верзии на кунафа и е
создаден да се памети по чувството што го остава, не само по вкусот.
_____________________________________________________________________
Состојки:
Тесто:
- 500 грама кадаиф, расчешлан
- 200 грама несолен путер, растопен
- 30 грама мелени ф’стаци (опционално, за луксузна текстура)
Фил:
- 250 грама моцарела (рендана)
- 100 грама маскарпоне или крем сирење
- 1 пакетче ванила пудинг (за 500 мл млеко)
- 500 мл млеко
- 2–3 лажици шеќер
- 1/2 лажиче ванила паста или зрнца од ванила
Сируп:
- 300 грама шеќер
- 200 мл вода
- 1 лажица лимонов сок
- 1 лажиче розова вода (по желба)
- 1 лажиче ликер од цвет од портокал (опционално)
Декорација:
- Сецкани ф’стаци
- Јадливо злато или прав
- Цветни листови (опционално)
Подготовка (со нагласување на слоевите):
- Сируп:
- Се вари шеќерот со вода и лимон 5–7 минути.
- Се трга од оган и се додава аромата (розова вода или ликер). Оставете да се излади.
- Ванила пудинг + маскарпоне:
- Сварете го пудингот со млеко и шеќер.
- Додадете го маскарпонето и измешајте за кремаста текстура.
- Оставете малку да се излади.
- Тесто:
- Расчешланиот кадаиф посипете го со растопениот путер и мелени ф’стаци и рамномерно распоредете со раце да се натопи целиот кадаиф.
- Подготовка на кунафата – „Слоеви со потпис“:
- Првиот слој: Распоредете половина од тестото, рамномерно во тавче.
- Вториот слој: Врз него нанесете од кремастиот фил од ванила пудинг и маскарпоне.
- Третиот слој: Распоредете ја ренданата моцарела.
- Последен слој: Покријте со остатокот од тестото и притиснете нежно.
Печење – две опции:
1️⃣ Во рерна (класично):
- Загрејте рерна на 180°C.
- Печете 25–30 минути додека тестото не добие златно-кафеава боја.
- Веднаш прелијте со изладениот сируп.
2️⃣ На тавче на рингла (со вртење):
- Гответе ја кунафата во дебело тавче на умерена температура.
- Печете 8–10 минути на едната страна, покриено со капак.
- Внимателно превртете и печете уште 8–10 минути додека тестото од двете страни не добие златна боја.
- Веднаш прелијте со изладениот сируп.
Декорација и сервирање:
- Посипете со сецкани ф’стаци, јадливо злато или цветови по избор.
- Сервирајте топло – секој слој се издвојува визуелно, создавајќи „восхитувачки момент“ за вашиот десерт.









