Directions

Дали знаевте дека можете да подготвите кремаст домашен сладолед во блендер – за само 2 минути?
Да, навистина! Со овој рецепт добивате мек и кремаст сладолед што веднаш може да се сервира – без чекање да се одмрзне. Совршено решение за сите оние кои не сакаат да губат време, а сакаат да уживаат во нешто навистина вкусно и освежувачко.
Овој домашен сладолед има богат вкус, и што е најважно – многу е поздрав од купечките алтернативи. Без вештачки бои, ароми или други непотребни додатоци, добивате десерт кој не само што е вкусен, туку и подобар за вашето здравје.
Во продолжение следете едноставен, но неодолив рецепт што сигурно ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат, и верувајте, ќе ви бараат повторно!
Зошто да го пробате овој рецепт?
Многу рецепти за сладолед имаат една честа маана – создавање мразни кристали, тешко се одмрзнуваат, и не можете да направите убава топка сладолед. Со овој рецепт, заборавете на тие проблеми!
Овде нема потреба од апарат за сладолед. Со неколку состојки и неколку минути, добивате совршена текстура – мека, кремаста и лесна за сервирање.
Потребни состојки:
- 3 шољи хопла (или слична слатка павлака за матење)
- 1 ½ шоља кондензирано млеко
- ½ шоља полномасно млеко
- ½ шоља крем или путер од ф’стак (може и од лешник, бадем или орев)
- 3 лажици шеќер во зрно
- 2 лажици ванила екстракт
Совет: Најдобро е сите состојки да бидат убаво изладени во фрижидер пред подготовката.
Постапка:
- Во блендер додајте ја хоплата и матете 10–15 секунди додека не стане воздушеста. Овој чекор е клучен за добивање кремаст сладолед.
- Потоа додајте ги останатите состојки и блендирајте уште околу 15 секунди, додека да се изедначи смесата.
- Префрлете ја смесата во поширок сад. За дополнителен вкус и декоративен изглед, на површината додадете малку крем од ф’стак и со шпатула направете неколку лесни движења за да добиете шари низ сладоледот.
- Поросете сецкани тостирани ф’стаци по желба.
Многу важно: Покријте ја целата површина на сладоледот со пластична фолија – без воздушни џебови. Така ќе спречите создавање мраз и сладоледот ќе остане мек.
Ставете го во замрзнувач најмалку 6 часа, а најдобро преку ноќ.
Мал совет околу кондензираното млеко:
Ако користите домашно кондензирано млеко, најдобро е да го подготвите ден претходно и да го оставите убаво да се излади во фрижидер. Домашната варијанта е не само поздрава, туку и поекономична. Тоа е едноставно млеко сварено со шеќер, без додатоци. Ако немате време, можете да купите готово, но не заборавајте да го изладите пред употреба.
За љубителите на кафе – направете го сладоледот магичен!
Сакате нешто посебно? Подгответе си еден Affogato – италијански десерт што значи „потонат сладолед во кафе“. Едноставно прелејте топка од вашиот домашен сладолед со топло еспресо. Додадете малку ф’стак крем или неколку сечкани ф’стаци за совршен спој на вкусови. Брзо, лесно, и неверојатно вкусно!
Уживајте!
Подгответе го овој сладолед по ваш вкус – експериментирајте со различни путери, додатоци или преливи. Важно е да уживате во секој залак и да ги споделите моментите со блиските.
На здравје и пријатен апетит!







