Directions
Доколку сте на диета или ви е важно колку калории внесувате, тогаш ви ја препорачувам оваа лесна и вкусна протеинска торта без шеќер.
Веган, без глутен и без печење, готова за помалку од 20 минути.
По својот вкус многу наликува на рафаело торта, содржи многу кокос, а додека ја јадете не чувствувате вина,
Најдобро е да користите свеж кокос кој може да го најдете во маркетите по цена од едно евро. Протресете го за да проверите дали има кокосова вода во него, така ќе знаете дека е свеж. Еден кокос е доволен за една торта, бидејќи од него може да направите кокосово млеко.
За да добиете свежо кокосово млеко исчистете го кокосот и излупете ја кафеавата покривна лушпа. Потребни се исчистени бели парчиња. Парчињата кокос ставете ги во блендер со 200 мл вода и блендираје неколку минути. Преку газа процетете го млекото, од еден кокос може да добиете од еден до два килограми свежо кокосово млеко во зависност од тоа колку густо сакате да ви биде млекото. Може да го чувате во фрижидер, пред пиење е доволно да протресете. Пулпата која ќе остане во газата е свежо кокосово брашно кое има силен мирис и вкус.
Доколку не користите свеж кокос, може да купите кокосово млеко и кокосово брашно или да го замените со кравјо млеко.








