Directions
Кујна: Македонска
Тежина: Средна
Дознајте ја магијата на традицијата со диви капини!
Ова слатко се подготвува кај нас со децении, од рацете на моите баби и мајка ми, и е совршено за целата зима. Послужете го со торти, палачинки или едноставно со свежо лепче и сирење за момент на чиста радост.
Состојки
- 2 кг диви капини
- 1.4 кг шеќер во зрно
Подготовка
- Исчистете ги капините и измијте ги внимателно.
- Во тенџере од 5 кг распоредете ги капините во редови, покривајќи го секој слој со шеќер.
- Почнете со ред капини на дното, додадете шеќер, повторете и завршете со слој шеќер на врвот.

- Почнете со ред капини на дното, додадете шеќер, повторете и завршете со слој шеќер на врвот.
- Оставете ги да отстојат барем 2 часа, додека капините не пуштат сок и шеќерот не почне да се топи.
- Ставете го тенџерето на тивок оган и оставете да зоврие. Мешајте внимателно и поретко, а на почетокот отстранете ја пената од површината.
- Варете 10–15 минути, доволно за капините да останат цели и сочни.
- Ако слаткото е премногу течно, оставете уште неколку минути на оган.
- Покријте го тенџерето со крпа и оставете да се излади неколку часа.
- Префрлете во стерилни тегли (измијте ги и загрејте во рерна 20 минути на 100°C пред полнење).
Совет за сервирање: Уживајте со потпечено лепче и меко брие сирење
или свежа бурата – момент на зимска среќа! 









