Directions

Овој вкусен сутлијаш е совршено кремаст, со цело и мазно зрно и арома на ванила.
Тој е брз и здрав десерт кој можете да го послужите во секое време – како десерт, здрава ужина или оброк.
Со точниот однос на млеко и ориз според рецептот на мојата мајка, секогаш ќе добиете убава густина. Декорациите и финесите од вкусови дополнително го прават уникатен и вкусен.

Состојки
За сутлијаш:
- 1 шоља ориз (краткозрнест за кремавост)
- 7 шољи млеко
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажиче ванила екстракт
- 2 лажици хопла
- 2 лажици засладувач (мед или шеќер)
- Прстофат сол
За декорација:
- Мелен цимет
- Банана (тенки парчиња)
- Ф’стаци (сецкани)

Подготовка
- Загрејте го млекото во тенџере на средна температура. За покремав сутлијаш користете полномасно млеко или кокосово млеко.
- Кога млекото ќе зоврие, додадете го оризот и намалете ја температурата на тивок оган. Повремено промешувајте за да не залепи. Време на варење: околу 15 минути.
- Додајте кокосово масло, ванила, хопла и засладувач по вкус. Варете кратко уште 1–2 минути и тргнете од оган.
- Имајте на ум дека сутлијашот може да изгледа течен, но ќе се згусне додека стои во фрижидер, бидејќи зрната ориз набабруваат.
- Сервирајте во стаклени садови, покриени со тенка фолија за да не се создаде кора. Декорирајте со цимет, сецкани ф’стаци или банана.










