Directions

Лимон торта со арома и прелив од свеж лимонов сок со киселкаст освежителен вкус, доволно еднаш да ја подготвите и да биде ваш омилен колач со кафе или чај, а без двоумење ќе ја сакаат и вашите гости.
Лесната и брза подготовка од две минути ја правии оваа торта посакувана и многу честа на моето мени.
Секој може да ја припреми, а особено кога сте кратки со време.
Само измешајте ги сувите со течните состојки и оставете да се пече во рерна на 150 степени.
Состојки
4 јајца ( големи)
200 гр. сенаменско брашно
200 мл. сончогледово масло
110 гр. шеќер во зрно
8 гр. пециво
1/2 лажиче сол
2 л. ванила екстракт
рендана кора од 2 лимони
За прелив
1/2 шоља шеќер во прав (150 грама)
5 лажици свеж лимонов сок
2 лажици млеко
За декорација
парчиња лимон на кугови
ливчиња свежо ментол нане

Подготовка
Во сад изматете ги јајцата со маталка, кратко неколку секунди и во нив додадете го шеќерот, маслото и ванила екстрактот. Изматете еднаква смеса и во нив додадете ги сувите состојки, изреднајте кора од два свежи лимони и изматете до убава карамел текстура со светло-жолта боја
Печете ја смесата во премачкан калап со масло, малку набрашнет, во загреана рерна на 150 степени точно 45 минути. Проверете го тестото со чепкалка во средината (не се лепи ако е убаво испечена одвнатре).
За печење на оваа торта може да користите калап по избор, зависно од формата на калапот може да имате уникатна форма.
Откако ќе ја извадите тортата од рерна, издупчете ја со чепкалка и прелијте ја додека е уште топла со преливот. Овој прелив задолжително додадете го за дополнително да развиете убава арома и сочност.
Декорирајте со парче лимон и свежо ментол нане. Пред дегустација најдобро е тортата да отстои малку пред да ја сечете. Чувајте ја во фрижидер обвиткана во пластична форлија. Уникатноста на оваа торта е што е колку повеќе стои во фрижидер, толку повкусна и поароматична станува.
Декорирајте со парче лимон и ментол нане.








