Directions
Торта со нерамен површински слој која наликува на калдрма, надополнет вкус на старински колач со топка ванила сладолед и претворен во еден навистина вкусен топло-ладен десерт.
Потребни се неколку едноставни состојки и свежа сезонска дива капина, притоа за мерка може да користите 250 мл шоља.
Состојки
1 шоља сенаменско брашно
1/4 шоља кафеав шеќер
1/4 шеќер во зрно
1 лажичка сол
2 лажичка пециво
Измешајте ги сувите состојки со маталка да се изедначат и во нив додадете
1 јајце
1/2 шоља млеко
1 лажичка ванила екстракт
Тестото е малку погусто од тесто за палачинки.
Во тава за печење додадете 120 грама растопен и врз него прелијте го подготвеното тесто. Двете смеси измешајте ги со шпатула во шара како мермер и на крајот распоредете ги свежите капини по површината.
Печете на 200 степени 40 минути.
После 30 минути печење поросете ја тортата по површината со малку кафеав шеќер и бел шеќер и вратете ја да се пече уште 10 минути.
Проверете ја средината на тортата пред да ја извадите од рерна.
Сервирајте топло парче торта со топка сладолед од ванила и ливчиња свежо нане.
Имајте добар апетит!