Directions
Лимон торта со прелив од свеж сок од лимон, со прекрасна арома и киселкаст освежителен вкус, која е доволно еднаш да ја подготвите и да биде ваша омилена торта, а без двоумење ќе ја сакаат и вашите гости.
Лесната и брза подготовка од две минути ја правии оваа лимон торта посакувана и да може да ја припремате и тогаш кога сте кратки со време.
Се што ви е потребно е жица маталка, да ги измешате сувите со течните состојки и да ја оставите да се пече во рерна на 150 степени.
Преливот од свеж лимонов сок ќе ја надополни со вкус и арома на крајот.
Состојки и Подготовка
4 јајца ( големи L jajca)
200 гр. сенаменско брашно
200 мл. сончогледово масло
110 гр. шеќер во зрно
8 гр. пециво
1/2 лажиче сол
2 л. ванила екстракт
рендана кора од 2 лимони
За прелив
1/2 шоља шеќер во прав( 150 грама)
5 лажици свеж лимонов сок
2 лажици млеко
Во сад изматете ги јајцата со маталка да се изедначат и во нив додадете го шеќерот, маслото, ванила екстрактот. Матете неколку секунди за да ги изедначите состојките.
Откако ќе ги измешате течните состојки во нив додадете ги сувите состојки.
Брашното просејте го, додадете ги пецивото и солта во него, измешајте и додадете ги во садот на течните состојки. На кракот изреднајте кора од два свежи лимони и додадете ја. Изматете со маталка и ќе добиете убава карамел текстура со светло-жолта боја.
Префрлете ја смесата во премачкан калап со масло и малку набрашнет за да не ви се лепи и печете 45 минути во загреана рерна на 150 степени. Проверете го тестото со чепкалка на крајот дали е готово (не се лепи ако е убаво испечена одвнатре)
За печење на оваа торта може да користите калап по избор, зависно од формата на калапот може да добиете овална, правоаголна форма, или може да користите калап за куглов и да имате уникатна форма.
Откако ќе ја извадите торатата од рерна, издупчете ја со чепкалка и прелијте ја додека е уште топла со прелив од 5 лажици лимонов сок и 5 лажици шеќер во прав. Овој прелив задолжително додадете го за да имате убава арома и за да биде тортата повеќе сочна.
Потоа оставете ја да се олади тортата најмалку 15 минути и врз неа додадете го преливот погоре опишан од 1/2 шоља шеќер во прав(150 грама), 5 лажици лимонов сок и 2 лажици млеко.
Измешајте ги сите сосотојки со лажица и прелијте го овој бел преливја врз торта.
Декорирајте со парче лимон и ментол нане.
Пред дегустација оставете ја тортата да отстои малку па потоа сечете ја. Чувајте ја во фрижидер завиткана во пластична форлија, така ќе ја задржите сочноста и аромата на тортата.
Имајте на ум дека со стоење оваа торта станува повкусна.
Одлична торта за уживање со чај или кафе!
Имајте добар апетит!