Directions
Здрава и крцкава закуска подготвена за десет минути во која можете да уживате со вашите пријатели или семејство
Потребно ви е едно пакување тортилја, нож за сечење на парчиња и вашите омилени зачини.
На видеото користам Тортила Мексикана за вегани затоа што е богат извор на растителни влакна, но можете да користите кој било друг, само бидете внимателни затоа што во зависност од тортилјата и е потребно различно време за печење. 
Препорачувам да ја послужите оваа закуска со рукола песто и освежителен Коктел – “Sour Apple Frozen Margarita”.

Рецептите за Рукола Песто и Коктелот Маргарита може да ги најдете на страницата, како и видеата на јутуб каналот.
Во продолжение е целата видео подготовка, а во овој пост во описот можете да најдете повеќе детали.
Уживајте!







