Directions

Топол, ароматичен и вкусен пијалок – совршен за студените зимски денови!
Ова варено вино со замрзнати вишни, мед и маџун не само што ќе ве загрее, туку ќе ви ја забрза и циркулацијата.
Благо – слатката нота од медот и маџунот прекрасно се надополнуваат со освежувачката киселост на вишните.
💡 Совет: Не е потребно да користите скапо сортно вино. Дури и едно едноставно суво црвено вино ќе и даде совршена основа, бидејќи зачините како цимет, анис и каранфилче создаваат богат ароматичен шмек кој ќе ве освои.
Рецепт за 2 чаши
Состојки:
- 6 парчиња портокал (2 парчиња за сервирање на крај)
- 2 анис ѕвезди
- 1 стапче цимет
- 2,5 см свеж ѓумбир/1 лажиче ѓумбир во прав
- 3-4 каранфилчиња
- 1 лажица мед
- 1 лажица маџун
- 3 чаши суво црвено вино
- кора од половина портокал
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во тенџере и оставете да зоврие.
- Варете на тивок оган 15-20 минути, без да зоврие силно, за да се зачуваат сите ароми..
- За сервирање, ставете по едно парче портокал и 1 лажица маџун во секоја чаша(по желба), па прелијте со топлото варено вино.
✨ Совет за уживање: Тостирани бадеми во путер се совршено мезе и прекрасно надополнување на вечерното уживање. Следете го рецептот во продолжение.
Печени Бадеми на 3 Начини🌿Здрави Ужини| Солени • Медени • Зачинети







