Directions

Ако сте во потрага по едноставен и традиционален рецепт, а во исто време сакате да ја искористите преостанатата туршија на крајот на сезоната, тогаш овој старински македонски рецепт може да ве изненади со својот вкус.
Верувам дека произлегол од практичноста на нашите баби за да се искористи храната, и за прв пат го пробав припремен од татко ми кој го подготвуваше на исти начин како неговата мајка.
Киселкастиот вкус, надополнот со неколку едноставни зачини, го прави ова јадење многу вкусно, ве разјадува и заситува во исто време, и е многу хранливо од разноликоста на зеленчукот.
Со ова јадење ви препорачувам да подготвите и пита лебче. Рецептот за воздушните пита лебчиња со јогурт може да ги најдете на страната.
Состојки:
- 1 тегла туршија
- 3–4 суви пиперки (може лути по вкус)
- 1 лажица мешавина зачини (црвен пипер, мајчина душица, ореви, сол)
- 2 лажици маслиново масло
Совет: Од туршија може да користите зелен домат, динчиња, везени пиперки, корнишони или слично.
Подготовка:
- Ситно исецкајте го зеленчукот од туршија и додадете го во тава со маслиново масло. Може да користите и свинска маст по избор.
- Пржете на умерен оган со повремено мешање околу 20 минути, додека зеленчукот убаво не омекне.
- На крај, искршете суви пиперки и додадете 1 лажица мешавина зачини, пржете уште неколку минути.
- Сервирајте со пита лепчиња – може да ги наполните или едноставно да макате од тавата.
По избор: може да се додадат јајца или месо. Рецептот е одличен и за време на пости.
Имајте добар апетит! 









