Directions

Ако сакате да бидете уникатни со идеи во кујната и секогаш да изненадувате со креативност, оваа едноставна и брза салата може да стане вистинско изненадување за вашите гости.
Подготовката трае само 10 минути, а салатата може да се чува во фрижидер неколку денови завиткана во пластична фолија и да се сервира по потреба.
Ова е традиционална салата која мојата мајка често ја подготвуваше, а јас додадов малку креативност и ја сервирав на свој начин.
Може да обликувате мали топки или една поголема, зависно од вашата идеја. Со малку истостирани ореви и сусам ќе добиете дополнителен вкус.
Состојки
- 100 г урда (или меко сирење, не многу солено)
- 250 г крем сирење
- 80 г ореви (сецкани)
- 3 лажици сусам
- 1–2 калинки за валкање и декорација
Подготовка
- Во тава на среден оган додадете ги ситно сецканите ореви и сусам. Тостирајте ги неколку минути додека да добијат убава арома и златна боја.
- Во сад измешајте ги тостираните ореви и сусам со урдата и крем сирењето додека да добиете хомогена смеса.
- Оставете ја смесата 15 минути во фрижидер да се стегне.
- Со намрсени раце обликувајте ја во топка и извалкајте ја во зрна калинка.
- Сервирајте и декорирајте по желба.

Складирање: Подготвената смеса или готовата топка може да се чува во фрижидер покриена со пластична фолија до неколку дена.
Имајте добар апетит!








