Directions
Ова е егзотичен и ароматичен рецепт за пастрмка од Охридско Езеро, која совршено го комбинира крцкавото месо со слатко-пикантен манго сос. Свежото нане и лимон додаваат светли ароми, додека топлиот гарнир од шери домати и печени компири создава комплетно кулинарско уживање 

Сосот се сервира одделно за да секој гостин може да го додава по вкус, се декорира со сецкано нане за уште поубаво визуелно и вкусно доживување. Идеално со чаша бело вино за целосно уживање.
Состојки
Риба:
- 2 пастрмки (~250 г секоја)
- Сол и црн пипер
- 2 лажици маслиново масло
- 2–4 лажички манго чатни
- Неколку свежи ливчиња нане
- 4–6 тенки кругови лимон
Гарнир/топол сос:
- 2 лажици манго чатни
- 10–12 чери домати, исечкани
- Неколку свежи ливчиња нане, ситно исечкани

Компири:
- 300–400 г компири
- Маслиново масло, сол и црн пипер
Дополни:
- 2 чаши бело вино
Подготовка
Компири – подгответе ги први
- Сварете ги парчињата компири 15 минути во солена вода
- Исцедете и исечете ги на осминки
- Премачкајте ги со маслиново масло, посолете и додајте црн бибер по вкус
- Печете ги 40 минути во рерна на 200°C
Подготовка на рибата
- Измијте и исчистете ги пастрмките
- Додајте сол и црн бибер одвнатре и однадвор
- Посипете умерено со маслиново масло и премачкајте со манго чатни
- Наполнете ги со свежи ливчиња нане и кругови лимон
Печење на рибата
- Загрејте ја скарата
- Ставете ги рибите на скара и печете додека едната страна не стане крцкава
- Проверете го месото во стомакот – кога е меко и бело, превртете ја рибата на другата страна
- Превртете ги само еднаш за да не испадне филот
Топол сос / гарнир
- Во мала тава ставете 2 лажици манго чатни
- Додајте ги шери доматите и ситно сечканото нане
- Загрејте ги 1–2 минути на тивок оган
- Сервирајте го сосот одделно

Сервирање
- Ставете пастрмката со печени компири на чинија
- Покријте компирите со дел од топлиот сос и посипете со сечкано нане
- Сосот со домати и манго сервирајте го одделно
- Дополни со чаша бело вино
Совет: За најдобар вкус, рибата превртувајте ја само еднаш, а компирите и сосот сервирајте топли за комплетно уживање.
Уживајте!









