Directions
Освежителен летен коктел со тропска и киселкаста нота
Мargarita е класичен мексикански коктел кој потекнува од 1930-тите или 1940-тите, создаден од комбинација на текила, ликер од портокал и свеж сок од лимета.
Frozen Margarita е подоцнежна варијанта, каде состојките се мешаат со кршен мраз за замрзната, освежителна текстура. Додатокот на зелено јаболко (sour apple) ја прави оваа верзија уште посладка и киселкаста, идеална за летни вечери или дружења.
Frozen Sour Apple Margarita е совршен избор за оние кои сакаат балансиран, сладко-киселкаст и ледено освежителен коктел.

Состојки:
- 40 мл текила
- 20 мл ликер од зелено јаболко
- 120 мл свеж сок од ананас
- Кршен мраз
- Лимета (за украс)
- Морска сол или хималајска сол (опционално, за солен раб на чашата)

Подготовка
- Подготовка на чашата
Премачкајте го работ на чашата со лимета, потоа превртете ја во чинија со морска или хималајска сол за да се формира солен прстен. - Подготовка на коктелот
Во шејкер додадете ја текилата, ликерот од зелено јаболко, свеж сок од ананас и кршен мраз. Енергично шејкајте додека шејкерот однадвор не се заледи. - Сервирање
Наполнете ја чашата, украсете со парче лимета и додајте цевче по желба.
Совет за сервирање:
Овој коктел одлично се комбинира со песто од рукола и чипс од печена тортиља – совршено летен мезе.
Во видеото е прикажана целата постапка чекор по чекор.
На здравје! 











