0 0
Домашен НАЧОС со салса од пченка и сос од чедар сирење – 3 РЕЦЕПТИ

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to or Register to bookmark/favorite this content.

Домашен НАЧОС со салса од пченка и сос од чедар сирење – 3 РЕЦЕПТИ

  • Medium

Directions

Share

Доколку сте љубители на мексиканската кујна, овој домашно приготвен НАЧОС е нешто што дефинитивно треба да го испробате.

Начосот се подготвува од комбинација на пченкарно и сенаменско брашно, со малку сол, масло и вода. Од една доза ќе добиете еден поголем сад крцкав чипс, доволен за неколкумина.

Покрај начосот, во продолжение ви споделувам и рецепт за:

  • освежителна салса од домати, замрзната пченка и црвен кромид,
  • како и кремаст сос од чедар сирење, подготвен со млеко.

⏱ Време за подготовка: околу 30 минути
Додека тестото одмора, можете да ја подготвите салсата, а сосот најдобро е да го направите на самиот крај.


НАЧОС

Состојки

  • 150 г пченкарно брашно
  • 75 г сенаменско брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка масло
  • 120 мл топла вода
  • 1 лажичка куркума

Подготовка

Просејте ги брашната и додајте ги солта и куркумата. Измешајте, па додајте ја топлата вода и маслото. Замесете меко тесто. Во зависност од типот на брашно, доколку е потребно, додајте уште 1–2 лажици вода.

Оставете го тестото да одмори 15 минути на собна температура.

Потоа поделете го на 4 дела. Секој дел лесно набрашнете го од двете страни и расукајте го тенко, речиси до 1 мм дебелина. Исечете триаголници со нож. Остатоците од тестото повторно соберете ги со малку навлажнети раце.

Додека сукате, поросувајте со брашно за да не се лепи, бидејќи тестото е нежно и кршливо. Исечените триаголници распоредете ги одделно за да не се залепат пред пржење.

Во загреана тава на средна температура, додавајте ги парчињата едно по едно. По неколку секунди превртете ги – доволни се 2–3 превртувања. Извадете ги на хартија за да се впие вишокот масло. По желба, зачинете дополнително и измешајте.


Салса од пченка

Состојки

  • 2 домати
  • ½ црвена чили пиперка
  • ½ зелена чили пиперка
  • 2 лажици ситно сечкан црвен кромид
  • 3 лажици замрзната пченка
  • сок од ½ свеж лимон
  • свеж магдонос

Подготовка

Исечкајте ги доматите и кромидот на коцки, чили пиперките на тенки резанки. Додајте ја пченката и ситно сечканиот магдонос. Зачинете со лимонов сок по вкус и добро измешајте.

Оваа салса има освежителен вкус и совршено се надополнува со крцкавиот начос.


Сос од чедар сирење

Состојки

  • 100 мл млеко
  • 150–200 г рендано чедар сирење
  • 1 лажица путер
  • прстофат куркума

Подготовка

Овој сос се подготвува за само неколку минути и најдобро е да се направи непосредно пред сервирање.

Ставете ги сите состојки во тава на умерена температура. Мешајте постојано, внимавајќи температурата да не биде превисока за да не загори млекото и да се смени вкусот.

По 3–4 минути сосот ќе почне да се згуснува, а сирењето целосно ќе се растопи. По околу 5 минути сосот е готов. Иако на почетокот изгледа поредок, по тргање од оган дополнително ќе се згусне.
Доколку сакате сос со совршено мазна текстура, можете да го процедите преку цедалка.


Сервирање

На чинија најпрвин наредете го начосот, прелијте со сосот од чедар, а одозгора додадете ја салсата од пченка.

Сите вкусови се совршено балансирани, но можете да уживате и во начосот само со салса или само со сос од сирење.

Доколку ги подготвите, сигурна сум дека ќе им се допаднат и на вас и на вашите најмили.

Добар апетит!
На здравје! 🌽🧀✨

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
🥟Вкусни и Крцкави Мантии
previous
🥟Вкусни и Крцкави Мантии

Додади коментар

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here