Directions
По завршување на празниците, сите сакаме нешто лесно, здраво и хранливо. Па токму оваа вечерна салата е идеална за диета, а сепак вкусна и заситува.
Богата е со протеини и здрави масти, кои ви даваат енергија и чувство на ситост подолго време.
Подготовката е брза и едноставна, совршена за лесна вечера.
Состојки (за 2 лица)
- 150–200 грама пилешко на скара, исецкано
- 50 грама урда
- 1 помало варено цвекло, ситно сецкано (по желба)
- 2–3 лажици павлака или грчки јогурт со мала масленост (2%)
- 1–2 лажици ореви, крупно сецкани
- 1 лажица тостиран сусам
- Сол и бибер по вкус

Подготовка:
- Пилешкото исецкајте на мали коцки или ленти.
- Измешајте го пилешкото со урдата во сад.
- Ако сакате виолетова салата, додадете ситно сецкано цвекло; за „бела“ верзија, прескокнете го цвеклото.

- Додадате ореви и тостиран сусам за текстура и здрави масти.
- Соединете со павлака или грчки јогурт, посолете и додадете црн бибер по вкус.
- Сервирајте веднаш или оставете кратко во фрижидер за свеж вкус.
Совети:
- Додадете малку сок од лимон за дополнителна свежина.
- Можете да направите две различни верзии на салата: една виолетова со цвекло и една бела без цвекло – двете се здрави и вкусни.
- За повисока протеинска вредност, користете повеќе пилешко или урда.








