Directions
Топли и крцкави домашни лепчиња кои не бараат многу време ниту труд. Еднаш ако ги направите, сигурно ќе станат ваши омилени – и поради изгледот, и поради вкусот.
Сè што ви е потребно се неколку основни состојки: брашно, сув квасец, вода, малку шеќер и сол.
Можете да ги месите рачно или со миксер – без разлика на изборот, резултатот се совршено вкусни и топли лепчиња.
На Instagram и Facebook профилите на Olgica Naceva Kitchen се достапни видеа кои ќе ви помогнат полесно да ги обликувате лепчињата.
Состојки
За тесто
- 850 г брашно
- 1 кесичка сув квасец (7 г)
- 1 лажичка шеќер
- 1 ½ лажичка сол
- 500 мл млака вода (околу)
- 2 лажици масло (сончогледово или маслиново)
- Малку масло за премачкување и набрашнување при обликување
За печење
- Малку масло за тава или маст
По желба (опционално)
- Вода за прскање пред печење

Подготовка и обликување
- Откако тестото ќе нарасне двојно (по околу 1 час), премесете го кратко во топка и вратете го во истиот сад да стасува уште 30 минути.
- По второто нараснување, на набрашнета површина поделете го тестото на 6 еднакви дела.
Вкупната тежина треба да биде околу 850 г, односно секое парче приближно 140 г. - Секое парче обликувајте го во топка со рака и лесно набрашнете го одозгора.
- Откако ќе ги обликувате сите шест топчиња, оставете ги на работната маса, покријте ги со крпа и оставете да одморат 5–10 минути.
- По одморот, секое топче притиснете го на средина и со движење напред–назад обликувајте го во мала ролна.
(За полесно обликување, погледнете ги видеата на Instagram или Facebook.) - Редете ги лепчињата на косо во намастена тава (со масло или маст), оставајќи простор меѓу нив за да не се допираат при печење.
- Покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат уште 20–30 минути, во зависност од собната температура.
Идеална температура е околу 25°C, каде што се доволни околу 20 минути.
Печење
- Загрејте ја рерната на 220°C и ставете сад со вода внатре – тоа ќе помогне за покрцкава кора.
- Пред печење, со остар нож засечете ги лепчињата по должина на средина.
- По желба, можете лесно да ги испрскате со вода.
- Печете 15–20 минути, во зависност од тоа колку потемни и крцкави ги сакате.
Сервирање
Совршени се со:
- путер
- ајвар
На здравје! 
Споделете и лајкнете доколку ви се допаѓаат овие топли домашни лепчиња 🙂







