Directions

Таратур е здрава и освежителна салата што традиционално се подготвува во македонските домови, особено во топлите летни денови. Се служи како салата, често со парче свеж или потпечен леб. Комбинацијата на свежа краставица, ароматични билки и лук дава пријатно чувство на студенило и свежина.
Состојки
- 1 свежа краставица (исечена на мали коцки)
- 500 мл кисело млеко (овчо или кравјо)
- 2 чешниња лук (толчени)
- 50 г ореви (сецкани)
- Прстофат морска сол
- Неколку свежи листови магдонос и босилек

Начин на подготовка
- Подготовка на краставицата:
Излупете ја краставицата и исечете ја на мали коцки. - Толчење на ароматите:
Во длабок сад ставете ги чешнињата лук и прстофат морска сол и добро истолчете ги. Додајте ги свежите листови магдонос и босилек и продолжете со толчење додека не ослободат ароми и сокови. - Убаво соединете:
Изматете го киселото млеко со жица за да добиете мазна текстура. Додајте го во садот со лукот и билките. - Додавање на оревите:
На крај, додајте ги сецканите ореви и внимателно измешајте. - Сервирање:
Послужете со парче потпечен или свеж леб. Таратур може да го консумирате како лесна вечерна салата или освежителен оброк во кое било време од денот.
Видео-подготовката можете да ја погледнете во продолжение.










