Directions
Сочниот колач од јаболка е класичен домашен десерт кој носи топлина, мирис на цимет и вкус на детството. Мек, ароматичен и богат со сочни парчиња јаболка, овој колач е совршен избор за секојдневно уживање, семејни моменти и топол залак со шолја кафе или чај. Лесен за подготовка, а секогаш успешен – рецепт што секогаш се бара уште едно парче.
Состојки
Суви состојки
- ½ чаша мелени ореви (60 г)
- ½ чаша крупно сечкани ореви (60 г)
- 1 чаша спелтино/овесно/интегрално брашно (120–130 г)
- ⅓ чаша кокосов шеќер (50–55 г) или 2–3 лажици мед/јаворов сируп
- 1½ лажичка прашок за печиво
- 1 пакетче ванилин шеќер или ½ лажичка екстракт
- прстофат сол
- 1–2 лажички цимет
- ½ лажичка мелен ѓумбир (по желба)
Јаболка и течности
- 4 големи јаболка (800 г), рендани со кора
- 80 г растопено кокосово масло (⅓–½ чаша)
- 1 лажица јаболков оцет
За завршен слој
- 50 г кокосово растопено кокосово масло (може и путер на коцки)
По желба
- 1–2 лажици овесни снегулки за крцкава кора
- 80 г сецкани ореви за поросување
Подготовка
- Измешајте суви состојки: брашно, мелени ореви, прашок за печиво, сол, цимет, ѓумбир, ванила и шеќер.
- Изрендајте јаболка со кора, додајте оцет и кратко промешајте. Не ги цедете – сокот ја прави смесата сочна.
- Намастете калап (30×20 см) со малку кокосово масло.
- Редете слоеви: ⅓ од сувата смеса, ½ од ренданите јаболка, ⅓ од сувата смеса, ½ од крупно сечканите ореви, остатокот од јаболка и завршете со последниот слој суви состојки.
- Прелијте со растопено кокосово масло и посипете со останати ореви (и овесни снегулки по желба).
- Печете во загреана рерна на 180°C, 40–45 минути, додека добие златна боја.
- Оладете 10–15 минути пред сечење. По желба, посипете со кокосови снегулки или прелијте со мед.







