Directions


Здрав леб без квасец
Chapati bread со мед и ореви е еден од моите омилени здрави појадоци што често ги подготвувам.
Не сум голем љубител на квасец, бидејќи ми предизвикува непријатности во стомакот, па затоа почнав да го правам овој тип леб. Овој рецепт е брз, едноставен и не бара многу време.
Со него имате вкусен, домашен леб без квасец, совршен за секој ден.
Класичната комбинација на ореви, мед и свежо нане го прави здравиот сладок појадок совршен. 
Состојки
За палачинките / Chapati
- 2,5 чаши сенаменско брашно
- ¾ до 1 чаша млака вода (додавај постепено додека не добиеш меко тесто)
- 1 лажица сол
- 1–2 лажици масло (за помеко тесто)

За сервирање
- Мед
- Ореви
- Свежо нане
Начин на подготовка
- Измешајте го брашното, солта, маслото и млаката вода додека не добиете меко и мазно тесто.
- Месете околу 5 минути, потоа покријте со крпа и оставете 10–15 минути на собна температура.
- Поделете го тестото на 4–5 топчиња и развлечете ги во округли палачинки.
- Загрејте тава и печете ги на средна топлина кратко од двете страни, додека не станат златни.
- Послужете ги топли, со мед, ореви и свежо нане.

Совети:
- Маслото во тестото ги прави палачинките помеки и ги чува подолго свежи.
- Можете да додадете малку путер или тахини за уште повкусен резултат.
- Одлични се за брз појадок или лесна ужина.







