Directions
Ако сте љубители на филови збогатени со кафе тогаш оваа торта со богат вкус на ореви верувам дека ќе ви се допадне.
Меко тесто и буквално свилен крем со вкус на кафе е неодоливо засладување со шоља кафе после ручек.
Оваа торта лесно и брзо се подготвува со состојки кои сите ги имаме дома, а тоа ја прави да биде често на мени во мојот дом и да ми се најде за неочекувани гости.
Една од причините да ја сакам оваа торта, освен заради вкусот, е што може да се замрзне во фрижидер и да се сечат парчиња по потреба како ладен десерт, бидејќи ровкото тесто брзо се одмрзнува и ладно е навистина вкусно.
Состојки за тесто
4 јајца
70 мл полномасно млеко
50 мл сончогледово масло
120 гр брашно
20 гр кафе
1л ванила екстракт
10 гр пециво
130 гр шеќер
прстофат сол
50 грама сецкани ореви (може и мелени)

Белките се одделуваат од жолчките и во нив се додава прстофат сол. Се матат кратко и во три пати се додава шеќерот. Се матат додека да добијат убав волумен и се додаваат жолчките една по една.
Откако ќе се добие еднаква смеса се додава млекото, маслото и ванила екстрактот. Во брашното се додава пецивото и кафето, се сее, и се додава во течната смеса. На крајот по желба се додаваат сецкани ореви и се мати со шпатула да се соединат сите состојки.
Тава со димензии 26 се премачкува со масло и се набрашнува, или може да користите и кујнска хартија на дното, се префрла подготвеното тесто и се пече на 170 степени 25 минути.
Може да користите калап со форма по избор.
Проверете со чепкалка дали е убаво испечена внатрешноста на тестото и оставете да се излади тестото додека го подготвите филот од кафе.
Состојки за фил од кафе
2 жолчки
90 гр шеќер
60 мл варено инстант кафе
1 л нишесте
80 гр путер (собна температура)
1 л ванила екстракт
100 грама ореви за декорација
Се матат жолчките со шеќерот кратко и се додава 2 лажици од вареното кафе, се мати кратко и се додава нишестето и остатокот од вареното кафе. Кафето треба да биде сварено и оладено на собна темпертура. На пареа се матат сите состојки 5 минути и се трга да се олади.
Се мати путерот со миксер, потребно е да биде на собна температура и откако ќе добие убава пенеста структура во него се додава оладениот крем со кафе постепено и се мати со миксер. Кремот ќе добие свиленкаста структура како и боја, и мирис на кафе.
Со овој крем се филува тортата по површината и врз него се поросува со сецкани ореви.
Имајте добар апетит!







