Directions
Слатко задоволство без вина, малку калории, здрава, брза и лесна варијанта кога имате потреба од благо.
Сите состојки се подготвуваат во блендер за една минута и се пече во модли по избор 20 минути.
Се декорира со чоколада, карамелизирана праска и крем сирење.
Ако во смесата во блендерот додадете и малку чили во прав, ветувам, ова ќе ви биде многу вкусен десерт кој може да го припремите како изненадување.
Слатко, допир на луто и малку разладено со крем сирењето, дефинитивно многу вкусови во еден десерт.







