Directions

Домашниот мајонез има уникатен вкус кој, откако почнав да го подготвувам вака, не сакам да го менувам. Во разговор со драга пријателка, сопственичка на сендвичара, открив тајната како тие го прават мајонезот за компирчињата и сендвичите да имаат посебен шмек.
Подготовката на домашен мајонез има многу предности: не содржи адитиви, сите состојки се свежи, а вкусот и квалитетот ги контролирате сами.
Какви масла да користите
- Најдобро се користат неутрални светли масла со благ вкус, како сончогледово или масло од семки од грозје, за светла боја на мајонезот.
- Можете да користите и маслиново масло за побогат и подлабок вкус.
Лимон или оцет
- Даваат уникатен вкус и помагаат да се стабилизира миксот од состојки.
- Малку сок од лимон ја осветлува бојата на јајцето, правејќи го мајонезот посветол.
- Бел оцет дава вкус сличен на купечки “Vitanes” мајонез.
Сенф
- Дава автентичен мирис и вкус, а заедно со јајцето го згуснува мајонезот и го одржува стабилен со денови.
Јајца
- Се користат цели свежи јајца. Најдобро е да бидат чуваат во фрижидер пред подготовка.
- Се добива добра текстура и со ладни и со собни јајца.
Состојки
- 1 цело јајце
- 200 мл масло (сончогледово, гроздово или маслиново)
- 1 ½ лажичка сенф
- 1 ½ супена лажичка бел оцет
- ½ супена лажичка сол
- Прстофат кари
Подготовка
- Во тесен подлабок сад ставете го јајцето, сенфот, оцетот и солта.
- Со рачен блендер, измешајте неколку секунди за да се соединат состојките.
- Додадете малку масло и блендирајте кратко (околу 10 секунди). Повторно постепено додавајте масло на неколку пати додека не добиете убава кремаста текстура.
- На крајот пробајте го вкусот и додадете прстофат кари. Измешајте со лажица.
Совети за сервирање
- Додавајте во пилешки салати, салата со мајонез, јајца или во сендвичи.
- Можете да го чувате во фрижидер покриен до една недела.
Имајте добар апетит! 







