Directions

За сите љубители на сладок компир, ви предлагам вкусна салата со печен сладок компир, надополнет со вкус од овошје, зеленчук и меко сирење, прелиена со дресинг кој ќе ги спои сите вкусови до неодоливост.
Состојки:
- 2 парчиња сладок компир
- Рукола по вкус
- 1 зелена јаболка (златен делишес)
- 100 г меко бело сирење (бело данско или фета)
- 1 киви
- Ким во зрно
- Сол
- Маслиново масло

За дресинг:
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажица мелени ким
- 1 лажица јаболков оцет
- 1 лажица мед
Подготовка:
- Исецкајте го сладкиот компир на мали коцки, посолете малку и додајте 2 лажици ким во зрно.
- Додајте 2 лажици маслиново масло, измешајте убаво сите парчиња да се покријат со масло и ким и ставете ги во тава за печење.
- Печете на 180°C 20–30 минути, зависно од големината на коцките. Можете еднаш да ги измешате за поубав вкус. Извадете ги кога ќе омекнат.

- Исецкајте го кивито на мали коцки, јаболкото на четвртини, па секоја четвртина на тенки ленти. Сирењето исецкајте го на коцки.
- Сервирајте на дрвена даска или длабока чинија. На дното ставете рукола, врз неа распоредете сладки компири, киви и сирење.
- Прелијте со дресинг и уживајте во вкусот.
Имајте добар апетит! 








