Directions
Барате предјадење кое е лесно, брзо и сигурно ќе ги импресионира вашите гости?
Овој рецепт е инспириран од азиската кујна и производот – оризова хартија, кој го открив пред неколку години во супермаркет кај нас.
Со готвен ориз како за суши и декорација со нежни пролетни цвеќиња и кавијар, овие крцкави чипсови од ориз се вистински празник за очите и непцето. Совршени за специјални прилики или кога сакате да послужите нешто свежо и елегантно, овие чипсови се здравата алтернатива на купени нездрави чипсови и грицки.
Не само што се вкусни, туку домашната подготовка може да заштеди пари, да помогне во развивање подобри навики за исхрана и да внесе повеќе креативност во вашата кујна.
🟡 Состојки
- Оризова хартија
- Готвен ориз за суши
- Кавијар ос лосос или пастрмка
- Јадливи пролетни цвеќиња (за декорација)
- Сончогледово масло/маслиново масло (за пржење)
🟡 Подготовка
- Подгответе ја оризовата хартија
- Исечете ја секоја хартија на 4 еднакви парчиња.
- Пржење на хартијата
- Загрејте го маслото во тава.
- Пржете го секое парче оризова хартија неколку секунди додека не стане крцкаво и малку надуено, притоа внимавајте да останат бели.
- Извадете ги и оставете да се исцедат од вишокот масло на кујнска хартија.
- Подготовка ги чипсовите
- Врз секое крцкаво парче чипс ставете лажиче готвен ориз за суши
- Додадете мало лажиче кавијар од лосос или пастрмка
- Украсете со јадливи пролетни цвеќиња за прекрасна презентација.
- Послужете и уживајте
- Наредете ги на даска и послужете веднаш
- Совршени како предјадење за гости, забави или елегантни прилики
💡 Совет: Овој рецепт лесно може да се подготви за повеќе гости.
Користењето на кавијар и домашни чипсови од оризова хартија го прави овој залак здрав, свеж и поефтин од купените нездрави продукти.
Во продолжение рецепт за чипс од оризова хартија со пиво!






