Directions

Овесните крекери со семиња и мајчина душичка се лесни, здрави и крцкави. Совршени се како придружба на посни намази, салати или едноставно како здрава ужина.
Комбинацијата на семиња и билки им дава богата арома и природна сладост. Подгответе ги брзо и уживајте во нивната свежина и текстура во секој залак.
🧾 Состојки
- 120 грама фино мелени овесни снегулки
- 40 грама брашно (обично или интегрално)
- 1 лажица сусам
- 1 лажица мелен лен
- 1 лажичка чиа
- ¼ лажиче сол
- ½ лажичка сушена мајчина душичка
- 2 лажици сончогледово или маслиново масло
- 90–100 мл вода или растително млеко
👩🍳 Подготовка
- Во сад измешајте ги овесните снегулки, брашното, семињата и солта.
- На крајот додадете ја мајчината душичка за да остане видлива.
- Додадете масло и постепено додавајте течност додека не добиете мека, нелеплива смеса.
- Оставете го тестото да одмори 10 минути.
- Расукајте го тестото многу тенко (околу 2 мм) помеѓу два листа хартија за печење.
- Исечите го на крекери со форма по желба и прободете го секој со вилушка.
- По желба, посипете уште малку сусам и мајчина душичка одозгора (без сол).
- Печете во загреана рерна на 175–180°C, 15–18 минути, додека да станат светло златни.
-
Извадете ги и оставете ги целосно да се изладат – така стануваат најкрцкави.
Препорака за дегустација на овие крекери се посните намази од празничната даска за Свети Никола! Во продолжение линк од 4 вкусни и лесни посни намази!






