Directions

Пита лепчиња со киселкаст вкус, кој потсетува на кисело тесто, се одлична варијанта за да ги наполните со фил по избор или да ги користите за макање.
Се печат во рерна, при што се формираат џебови одвнатре, воздушести и меки во исто време. Можете да ги подготвите и користите во комбинација со различни рецепти, да ги чувате во фрижидер или да ги замрзнете. Многу повкусни се од купечките, не содржат конзерванси или други додатоци.
Состојки:
- 470 г брашно
- 270 мл млака вода
- 240 мл јогурт
- 3 лажици маслиново масло
- 1 кесичка сув квасец
- 1 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
Подготовка и стасување на тестото:
- Во млаката вода додадете 1 лажичка шеќер и сувиот квасец. Почекајте околу 5 минути да се активира квасецот, потоа додадете јогурт и маслиново масло.
- Во брашното додадете 1 лажичка сол, измешајте и постепено додадете го во течните состојки. Месете со миксер околу 10 минути или на рака, додека тестото не стане меко.
- Префрлете го тестото во сад премачкан со масло, покријте со пластична фолија и оставете го да нарасне двојно или повеќе на собна температура (45 минути до 1 час).
Подготовка на лепчињата:
- Тестото ставете го на набрашнета површина, поделете го на 12 еднакви парчиња.
- Секое парче обликувајте го во топка со повлекување на краевите навнатре. Покријте со фолија и оставете да омекне уште 20 минути.
- Развлечете ги топките на дебелина од околу 3 мм на набрашнета површина.

Печење:
- Загрејте ја рерната на 200°C.
- Печете ги лепчињата 5–8 минути додека не се формираат џебови и малку да заруменат. Ако е потребно, свртете ги после неколку минути.
- Покријте со пластична фолија за да останат меки.
Можете да ги наполните со месо, салати, јајца или да ги користите за макање хумус.
Имајте добар апетит! 

Препорака: хумус за макање со овие пита лепчиња за појадок!







