Directions

Вкусен, крцкав и мирисен охридски ѓеврек со сусам и маџун, кој се подготвува брзо и едноставно, без многу чекање.
Со неколку основни состојки – брашно, млака вода, квасец, сол, шеќер и малку масло – добивате совршено тесто кое се меси околу десет минути и стасува само еднаш пред печење.
Овој ѓеврек е одличен избор за појадок, ужина или лесен оброк, а доколку сакате целосно традиционално доживување, задолжително пробајте го како „Охридски појадок“ – пропржен ѓеврек на путер, сервиран со јајце на око и сирење.
За полесно обликување и дополнителни совети, на Instagram и Facebook профилите на Olgica Naceva Kitchen се достапни видеа со целата постапка.

Состојки
За тесто
- 500 г бело брашно (просеано)
- 1 кесичка сув квасец (7 г)
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 250–270 мл млака вода
- 1 лажица сончогледово масло
- Малку масло за премачкување и обликување
За валкање (маџун и сусам)
- 3 лажици маџун
- 100 мл вода
- Сусам (по потреба)
Замена:
Маџунот може да се замени со мед (ист сооднос) или со карамелизиран шеќер, разреден со вода и кратко зовриен.

Подготовка
1. Тесто
Во брашното додајте сол. Во посебен сад измешајте млака вода и шеќер, додајте квасец и оставете 10 минути да се активира. Додајте во брашното заедно со маслото и замесете потврдо тесто. Месете околу 10 минути.
2. Обликување
Поделете го тестото на 6–8 парчиња. Секое издолжете го околу 15 см, премачкајте со масло и оставете да одмори 10 минути. Потоа расукајте на 60–80 см, превиткајте, оформете плетенка и добро соединете ги краевите.
3. Маџун и сусам
Маџунот разредете го со водата и кратко зовријте. Секое ѓеврече потопете го 2–3 секунди, исцедете и извалкајте во сусам.
4. Стасување и печење
Наредете ги во тава со хартија за печење, покријте и оставете да стасуваат 30–45 минути. Печете на 190°C околу 18 минути, додека да добијат темно-златна боја.
На здравје! 
Споделете и лајкнете доколку ви се допадне овој вкусен охридски ѓеврек 








