• Home
  • Ручек
  • Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!
0 0
Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!

Cuisine:
  • Medium

Directions

Share
Познатата Светиниколска Пастрмајлија е пастрмајлија која потекнува од овчеполскиот регион, познат по автохтоната раса овци наречена праменка, од која се подготвува едно од највкусните овчи сирења.

Месото од праменката го подготвувале како пастрма и од него покрај други специјалитети спремале и пастрмајлии па од таму доаѓа и името пастрмајлија.

Името светиниколска го добила многу подоцна откако тој реон го добива името на градот Свети Николе.

Уникатна пастрмајлија која се разликува од останатите, бидејќи се подготвува од три состојки како месо, јајца и сирење, а со вкусот и калориите е идеална за да ве затопли во ладните зимски денови.

Низ годините пастрмата се заменила со пилешко и свинско месо, додека останатите состојки се задржале. Тестото од овој рецепт има мека структура од свинската маст која се додава, тенко е, и не бара особено вештина и многу внимание за вкусен резутат, бидејќи не е потребно месење.

Состојки
За тесто за 4 пастрмајлии
600 грама брашно
450 мл млака вода
1/2 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
600 грама месо на коцки по избор
200 грама овчо сирење
8 јајца
Подготовка
Во 150 мл млака вода додадете го шеќерот и свежиот квасец. Измешајте го квасецот со водата и шеќерот и оставете го неколку минути да се активира.

Додадете ја останатата вода, измешајте, и додадете ги течнитете состојки во брашното заедно со солта. Со дрвена лажица измешајте да се соединат сите состојки и покријте го садот со пластична фолија.

 

Откако тестото ќе нарасне двојно префрлете го на намрсена работна маса.

Ова тесто е лепливо и потребно е да додадете доволно масло при обликување.

Поделете го тестото на 4 еднакви делови, замесете форма на топка, па развлечете со раце и обликувајте долгнавеста правоаголна форма.

Краевите треба да бидат со поиспакнати краеви за филот и јајцата да не истекуваат.

Врз обликуваното тесто распоредете го месото, изронете сирење и додадете мали коцки свинска маст.

Печете во загреана рерна на 200 степени десет минути или додека да поруменат краевите.

Извадете ја пастрмајлијата пред време и додадете по две јајца на секоја пастрмајлија и печете уште две минути.

На крајот премачкајте ги краевите со свинска маст и покријте ги со хартија, покријте со хартија за печење да се впие влагата и префрлете ги во кеса. На овој начин ќе останат меки а нема да имаат влага. 

Сервирајте со феферонки или туршија.

Имајте добар апетит

Olgica

previous
Варено Вино со Вишни, Мед и Маџун!
next
Protected: КОЗИЊАК по рецепт на Мајка ми! Милиброд!
previous
Варено Вино со Вишни, Мед и Маџун!
next
Protected: КОЗИЊАК по рецепт на Мајка ми! Милиброд!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here