Directions

Протеински чоколадни барови со путер од кикиритки и урми
Здрав десерт без глутен и без додаден шеќер
Ако сте љубители на путер од кикиритки и барате вкусна и здрава ужина, овие протеински чоколадни плочки се совршен избор за вас. Комбинацијата од овес, какао, природни засладувачи и кремаст фил од урми, протеин и путер од кикирики ги прави овие барови идеални за ужина по тренинг, брз појадок или здрав десерт. Лесни се за подготовка, без печење, и полни со хранливи состојки.
Состојки
За подлогата:
- 65 г (1 шолја) овесни снегулки
- 3 лажици какао во прав
- 100 г путер од кикирики
- 100 г јаворов сируп (или мед / агаве сируп)
- Прстофат морска сол
За филот:
- 100 г урми (накиснати 10 мин. во топла вода)
- 50 г путер од кикирики
- 1 доза (околу 30 г) протеински прав (ви препорачувам- Iso Sensation Cookies & Cream или чоколаден)
За прелив:
- 100 г темно чоколадо (стопено)

Подготовка
1. Подготовка на подлогата:
- Ставeте ги овесот, какаото, путерот од кикиритки, јаворовиот сируп (или друг засладувач) и прстофат сол во блендер.
- Блендирајте додека смесата не се соедини во леплива текстура.
- Префрлете ја смесата во правоаголен калап обложен со хартија за печење.
- Притиснете со чаша за да добиете рамна и цврста подлога. Оставете на страна.
2. Подготовка на филот:
- Исцедете ги урмите од водата и ставете ги во блендер.
- Додадете го путерот и протеинскиот прав.
- Блендирајте додека не добиете кремаста и мазна смеса.
- Распоредете го филот рамномерно врз подлогата и израмнете ја површината.
3. Ладење:
- Ставете го калапот во фрижидер најмалку 1 час за да се стегне смесата.
- Потоа извадете и исечете на 16 плочки.
4. Преливање:
- Стопете го темното чоколадо и прелијте го врз секој бар.
- Остави ги 10 минути баровите да се стегне чоколадото пред сервирање.
Совет
- За посветол и визуелно поелегантен фил, користете бел протеин.
- Ако сакате поинтензивен чоколаден вкус, изберете чоколаден протеин.
Чување
Чувајте ги баровите во херметички сад во фрижидер до една недела.
Уживајте во овој здрав, вкусен и протеински богат десерт – совршен за секој момент! 🍫🥜
Видео подготовката може да ја следите на видеото објавена 2021 година







