Directions

Појадок од моето детство кога за време на зимскиот распуст им бев гостинска на моите баби, времиња кога не се користеше путер, маргарин, паштети и слични намази, а свинската маст со малку црвена пиперка беше храна и лек во исто време.
Ако малку прочитаме свинската маст подготвена во домашни услови во девет води, е многу полезна за нашето здравје, и помага како на пример, проблеми со синуси, бронхитис и кашлица, особено во зимските денови. 
Еве овде додека пишувам, ми дојде мисла од мојата драга Ангелина Маркус кога еднаш ми беше гостинка и имавме зготвено храна со свинска маст, на крајот кога ја ставив под врела вода свинската маст се растопи веднаш.
Ете гледаш ли колку брзо се рaствара со топла вода, ми рече, а на путерот колку време му треба, и колку потешко тој се раствара во вода.
Исто е и со нашите крвни садови, свинската маст е поздрава за нашиот организам, и се насмеа.
Така знаеше да ме подучи и да го сподели деведесет годишното искуство со мене, а јас еве се радувам кога пишувам и си спомнувам за неа.

Состојки
4 багет парчиња
100 грама домашна свинска маст
2 лажички црвена пиперка (за поросување)
50 грама чварки
сол по вкус

Премачкајте ги лепчињата со свинска маст, потпечете ги во тава на оган и поросете со црвена пиперка.
На крајот додадете неколку чварки за крцкавост врз секое лепче, малку сол по вкус и уживајте во вкусот.
.








