0 0
Босански Ќебап! Мој омилен Рецепт !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Босански Ќебап! Мој омилен Рецепт !

  • Medium

Directions

Share

Постојат многу рецепти за подготовка на кебапи, и сите имаме различни вкусови, но многу често наједноставните рецепти знаат да бидат уникатни и највкусни.

Без многу зачини и додатоци се добива единствен вкус со розева внатрешност, убаво потпечени однадвор, а како прилог со нив е доволно само сецкан кромид.

Инспириран рецепт од една прошетка во Дубаи глобал вилиџ, и за овие босански ќебапи се чекаше долги редици особено од локалното арапско население, а со нив едноставни прилози од сецкан кромид, ајвар или ајран по избор.

Потребни Состојки

1 кг Јунешко месо (плешка и врат)

4 чешниња лук

100 мл вода

20 грама сол

1/2 супена лажица сода бикарбона

малку лимонов сок

црн бибер по вкус

За убав вкус потребно е да одберете малку потврдо и помрсно јунешко месо, најчесто плешка и врат.

Месото ситно исецкајте го на мали коцки од 2 см и посолете го. Најдобар сооднос на сол е 2 %, или 20 грама за 1 килограм месо. Посоленото месо убаво измешајте го со раце. Потоа подгответе ја луковата вода од 100 мл вода и 4 чешниња лук. Луковата вода е важна бидејќи со стоење месото омекнува а во исто време и добива уникатна арома и вкус кога се пече.

Во 100 мл вода додајте исчистени 4 чешниња лук и ставете ги на оган да зовријат. Варете ги две три минути и тргнете ги од оган да се олади течноста. Оваа течност додадете ја во месото. Може да ја користите само водата а лукот да го процедите. Јас сакам да го додавам и лукот заради вкус и најчесто го блендирам заедно со водата и ги додавам врз месото. Убаво измасирајте го месото да се впие течноста и солта и покријте го месото со фолија. Оставете го во фрижидер преку ноќ до 24 часа.

Наредниот ден два пати измелете го месото и во него додадете мелен црн бибер по вкус и половина лажиче сода бикарбона. МОже да додадете и цело супено лажиче сода бикарбона. но не повеќе за да немате горчлив вкус на крајот. Во содата исцете неколку капки лимонов сок па додаете ја во месото. Една од причините зошто се додава содата е за да подрипнуваат кебапите додека се печат.

Со раце или со миксер мешајте додека да добиете леплива смеса, налик на паштета, убаво да омекне и потоа обликувајте ги во форма на кебапи со раце или со машина ако имате.

Покријте ги со фолија и оставете ги на собна температура од 2 до 4 часа, а потоа ставете го во фрижидер. Смесата може да ја чувате во фрижидер до два дена.

Пред печење и за време на печењето може скарата да ја премачкувате со лој или свинска маст за дополнителен вкус. Внимавајте ќебапите да останат розеви внатре, затоа печете ги кратко на силна температура, а потоа на средна температура со постојано превртување. На крајот завршете го печењето пак на силна темпертура.

Послужете ги со домашно лепче. Во продолжение следете го рецептот за домашно чиабата лепче, меко со тенка кора и со само еден грам квасец. Меко и воздушесто лепче кое одлично се надополнува со овие вкусни ќебапи.

Како прилог додадете сецкан кромид, ајвар или кајмак, макнете и малку буковец и уживајте во дегустацијата на овој прекрасен босански ќебап.

Не заборавајте да подготвите и една шопска салата со рендано сирење!

Имајте добар апетит!

Чиабата со 1 грам квасец! Метод со пред-Ферментација!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Ciabatta with 1 gram yeast! Easy Pre-Fermented Method!
next
Bosnian Kebab! My favorite Recipe!
previous
Ciabatta with 1 gram yeast! Easy Pre-Fermented Method!
next
Bosnian Kebab! My favorite Recipe!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here