Directions
Овие мафини од тиква со темна чоколада и грчки јогурт се совршен баланс помеѓу вкус и хранливост.
Тиквата и јогуртот им даваат мека и сочна текстура, додека овезот придонесува за ситост.
Циметот и ванилата носат топла, домашна арома која одлично се вклопува со црната чоколада.
Идеални се за појадок, ужина или лесен десерт.
Брзи, едноставни и омилени кај сите генерации.
Состојки
Течни состојки
- 2 јајца
- 1 шоља печена и испасирана тиква
- 1 шоља грчки јогурт
Суви состојки
- 1¼ шоља мазно брашно или овесно брашно
- ½ шоља овесни снегулки
- ⅓ шоља кафеав шеќер
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка прашок за печиво
- ¼ лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- 1 лажичка ванила екстракт
- 80–100 г сецкана темна чоколада (мин. 70% какао)

Подготовка
- Загрејте ја рерната на 180–190°C и подгответе калап за мафини со хартиени корпички.
- Во длабок сад измешај ги јајцата, пирето од тиква и грчкиот јогурт додека смесата да стане мазна.
- Во посебен сад измешајте ги сите суви состојки.
- Постепено додадете ги сувите состојки во влажната смеса и мешајте кратко, само да се соединат.
- Додадете ја сецканата темна чоколада.
- Наполни ги калапите до ¾ од висината.
- Печете 15–20 минути, додека чепкалка излезе сува.
- Оставете кратко да се изладат и послужете.
Совет
Оставете ја смесата да одмори 5–10 минути пред печење – овесот ќе ја впие влагата и мафините ќе бидат уште помеки 









