Directions

Високо нутритивна супа која може да помогне во подобрување на крвната слика и зајакнување на имунолошкиот систем.
Оваа кремаста супа се подготвува од сува коприва и сув вргањ, со малку свеж зеленчук, внимателно одбрани зачини и доматен сос. На крај, супата се блендира за богата, мазна текстура и длабок вкус.
Состојки
- 100 г сува коприва
- 50 г сув вргањ
- 1 младо лукче
- 1 младо кромидче
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици доматен сос (кечап)
- Зачини:
- ½ лажичка оригано
- прстофат мелено мускатно оревче
- 1 лажичка црвена пиперка
- 2–3 ловорови листа
- ½ лажичка сол
Подготовка
- Сувиот вргањ ставете го во половина шоља вода и оставете да омекне додека ги подготвувате останатите состојки.
- Ситно исечкајте го младото кромидче и младото лукче.
- Во тава на средна температура загрејте 2 лажици маслиново масло и кратко пропржете ги кромидчето и лукчето.
- Додадете ја сувата коприва и пржете додека да го впие маслото и да добие темно зелена боја.
- Додадете ги зачините (оригано, мускатно оревче, црвена пиперка и сол) и кратко промешајте.
- Додадете го омекнатиот вргањ заедно со водата во која стоел.
- Додадете го доматниот сос (или кечап), прелијте со 2 чаши вода и додадете ги ловоровите листови.
- Варете на средна температура околу 10 минути.
- Отстранете ги ловоровите листови и изблендирајте ја супата со рачен пасатор.
- По желба, за целосно мазна текстура, процедете ја супата пред сервирање.
Декорирајте со малку сецкано свежо лукче и неколку суви парченца вргањ.
Целиот процес на подготовка е прикажан во видеото подолу.
Добар апетит! 









