Directions

Ориз на сириски начин е уникатна арапска порција која лесно и брзо се подготвува. Воздушест, со цело зрно и без лепење, се добива со кратко пропржување и покривање додека водата се впие.
Пред сервирање се растресува и се сервира со сос по желба.
Најчесто се комбинира со бамја, но ако не можете да ја најдете, заменете со зелена или жолта боранија.
Состојки:
- 1 шоља ориз (басмати)
- 1/4 шоља фиде
- 2 шољи вода
- 2–3 лажици масло
- Сол по вкус
Подготовка:
- Во тава додајте масло и исчкршено фиде. Пржете на умерена температура додека фидето да потемни, мешајќи постојано.
- Додадете го измиениот ориз и пржете кратко, до 1 минута.

- Додадете вода, измешајте и оставете да врие на среден оган. Мешајте повремено.
- Кога водата скоро ќе се впие, тргнете од оган, покријте со капак и оставете неколку минути.
- Растресете пред сервирање и сервирајте со сос по желба, на пример сос со боранија и јунешко.
Имајте добар апетит! 









