Directions

Доколку сте во потрага по безглутенски леб кој од едно парче ќе ви предизвика ситост, тогаш овој леб со арома на наут дефинитивно треба да го испробате.
Овој леб не се меси, не содржи квасец, а се подготвува од неколку здрави брашна. Има шарена и крцкава структура на сецкани ореви, притоа го чисти телото од токсини и му помага на дигестивниот систем правилно да работи, а со тоа помага и во процесот на слабеење.
Кога го конзумирате овој леб потребно е да пиете доволна количина вода.
Состојки
300 грама брашно од хељда
100 грама брашно од наут
100 грама оризово брашно
100 грама ореви
150 мл газирана вода
500 мл млака вода
30 мл маслиново масло
2 супени лажици псилиум
1 супена лажица сол
1 супена лажица сода бикарбона

Подготовка на состојки
Во поголем сад додадете ги сите брашна, псилиумот, солта и сода бикарбона, и измешајте. Исецкајте ги оревите и додадете ги во сувите состојќи. На крајот додадете ја газираната вода, маслото и млаката вода. Со дрвена лажица измешајте ги сите состојки да се комбинираат и изедначат, па префлете ја смесата во калап за печење.
Киснење на тесто и печење
Тестото во калапот покријте го со крпа и оставете го на собна температура 30 минути.
Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови точно 45 минути. 
Печеното лепче оставете го во калапот, да се излади, бидејќи кога е тополо е ронливо. Откако целосно ќе излади, тогаш извадете го од калапот.
Сервирање
Косумирајте го за појадок како солена или блага варијанта. Премачкан со разни намази (гвакамоле, тапенаде, кајмак, павлака, ајвар) и коминирајте со микрогринс, зелени салати, пршута и свежо сезонско овошје, свежа бурата, со разни видови на џемови или мед.








