• Home
  • Ручек
  • Вкусен Џигер во сос за макање! Рецепт на мајка ми!
0 0
Вкусен Џигер во сос за макање! Рецепт на мајка ми!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Вкусен Џигер во сос за макање! Рецепт на мајка ми!

  • Medium

Directions

Share

Ако сте во потрага по вкусен и лесен рецепт за подготовка на вкусен џигер тогаш со задоволство го споделувам рецептот на мајка ми кој многу често знам да го приготвам.

Сосот кој се добива има карактеристичен благ вкус кој одлично го надополнува џигерот, а во исто време е одличен за макање со лепче.

Едноставните рецепти со малку состојки многу често знаат да дадат многу убав резултат и да бидат навистина вкусни, а овој рецепт е еден од тие прекрасни старински рецепти, со мала разлика што јас знам да додадам и малку куркума во прав бидејќи е многу здрава и ја користам често. 

Потребни состојки

500 грама џигер (јагнешки/пилешки)

1 главица кромид

2 моркови (рендани)

3 чешниња лукче

2 црвени домати (средна големина)

маслиново масло

1/2 лажиче куркума во прав

1 лажиче црвена пиперка

сол по вкус

50 мл вода

Во тава додадете малку маслиново масло и една ситно сецкана главица кромид. Пржете на тивок оган убаво да омекне.

Потоа додадете го јагнешкиот џигер на парчиња и ренданиот морков и убаво пропржете на тивок оган. На крајот додадете го исецканото лукче и пржете кратко.

Куркума и црвена пиперка може да додадете по вкус, заедно со солта на крајот. Измешајте ги сите состојки кратко да се изедначат зачините и додадете ги доматите. Најчесто ги блендирам доматите за да го скратам процесот на варење и да добијам помазна структура на сосовите, но вие може да ги додадете и сецкани по избор. Прелијте со малку вода на крајот, некаде околу 50 мл е доволно и оставете да се вари на средна температура додека сосот се згусне. Може по избор да додадете и сув ловоров лист 2 листа додека се вари џигерот.

Послужете го топлиот џигер со лепче по избор и уживајте во вкусот. Верувам ќе се согласите со мене, но највкусен е кога се мака со лепче.

Имајте добар апетит! На здравје!

Уште еден предлог за вкусен рецепт со јагнешки џигер може да следите на следниот линк подолу.

Јагнешки Џигер Рецепт!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Pickled OKRA Recipe! Pasteurized, without preservatives!
next
Delicious Liver with sauce for dipping with bead! My mother recipe!
previous
Pickled OKRA Recipe! Pasteurized, without preservatives!
next
Delicious Liver with sauce for dipping with bead! My mother recipe!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here